„СЕ ДОДЕКА НЕ ПОЧНАТ ДА ОДГОВАРААТ И РОДИТЕЛИТЕ НА МАЛОЛЕТНИЦИТЕ ШТО ВОЗАТ ЌЕ БИДЕ ХАОС“: остра критика за состојбите во сообраќајот во земајва
Големиот број жртви на македонските патишта, особено фактот што за само три години загинале над 450 луѓе, поттикна многубрни коментари од граѓаните општествените критичари.
Но, особено интересен е фактот што дел од нив укажуваат дека вина за ваквите состојби сноста несовесните родители, кои ниту ги воспитуваат своите деца да возат правилно, ниту да почитуваат закони.
Остра критика деновиве упати Ина Многуфина, која е позната токму по коментарите „без влакно на јазик“.
- 457 лица загинале за 3 години во сообраќајки, пишани се над 86 илјади казни за возење без дозвола. На македонските улици се гине за 50 отсто повеќе од ЕУ.
Вчера, татко и 15-годишник нападнале полицаец оти ги запрел дека малолетникот вози.
Се додека не почнат да одговараат и родителите на малолетниците што возат ќе биде ваков хаос.
Јас да сум и колите ќе им ги зимам па ќе ги распоредам по институции место да им купуваме службени и плус ќе ги терам цела фамилија на општествено корисна работа па да метат улици и да фарбаат клупи - напиша Ина Многуфина на својот Фејсбук профил.
