Се додека не ги распишам изборите, можат да се одложат, вели спикерот
Изборите можат да се одложат се додека не бидат распишани. Или поточно, се додека премиерот Зоран Заев не поднесе оставка и не се формира техничка влада, изборното соочување може да биде одложено.
Спокерот Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите рече дека според Пржинскиот договор изборите се одржуваат 100 дена по формирањето на техничката влада, и затоа смета оти тие не можат да се одложат откако новата влада ќе биде изгласана во Собранието. „Без Пржински договор изборите ги распишува Собранието 60 дена пред нивно одржување. Овде имаме друга ситуација, техничка влада која треба да ги спроведе изборите. Е сега може да се случи премиерот да не си даде оставка и тогаш нормално дека се одложуваат изборите“, рече Џафери на денешниот брифинг со новинарите.
