„Се додека криминалци од голем калибар се премиери и министри нема збор за владеење на правото“: Најчевска со остра критика
Остра критика за нефункционирањето на правото во Македонија напиша утрово професорката и општествен критичар, Мирјана Најчевска, осврнувајќи се на најновата информација дека при претрес на туристички автобус откриени и запленети се 35 илјади евра.
- А Срѓан Ќерим не го приведовте за 750.000 евра кои ги шверцуваше во шише. И еве гледам само што не влегол во затвор https://narodenglas.com/%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%98-%D1%80.../
Министер за надворешни работи.
А Мијалков кој шверцуваше пиштол во багаж? Тоа така треба.
Па после се чудиме што од истата позиција криминалци како Бујар Османи ќе ни склучуваат протоколи со Бугарија и ќе го узурпираат МНР.
И Артан Груби ќе си седи дома.
И министри ќе си примаат плата без да доаѓаат на работа.
И премиерот криминалец Груевски ќе ни се смее од Будимпешта.
И сите кои украле од позиција на власт ќе ги помилуваме.
Се додека вистинските криминалци од голем калибар се премиери и министри нема збор за владеење на правото - напиша Најчевска.
