СЕ ЧУВСТВУВА СИЛЕН МИРИС: Облаци чад се разнесуваат на автопатот Куманово-Скопје
Облаци чад се разнесуваат на автопатот Куманово-Скопје. Се чувствува и силен мирис на чад во воздухот, јавува Макфакс.
Вчера на територија на државата имало вкупно 66 пожари на отворено и шумски пожари. Од вкупниот број на пожари, 51 целосно се изгаснати, три пожари се ставени под контрола, а во моментот се активни 12 пожари.
Директорот на Дирекцијата за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов преку видео изјава соопшти дека на ниво на државава, состојбата е тешка, но не е алармантна.
Слично
