Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ЧУДАМ ЗОШТО НЕ Е ПОВИКАН НА РАЗГОВОР МАНУКОТ КОЈ ДОБИВАШЕ ИНСТРУКЦИИ ОД СТРАНСТВО КАКО ДА РУШИ ДРЖАВА, ЗА ТОА ИМА ДЕЛО ВО КЗ: Грчева со поддршка за барањето правда

СЕ ЧУДАМ ЗОШТО НЕ Е ПОВИКАН НА РАЗГОВОР МАНУКОТ КОЈ ДОБИВАШЕ ИНСТРУКЦИИ ОД СТРАНСТВО КАКО ДА РУШИ ДРЖАВА, ЗА ТОА ИМА ДЕЛО ВО КЗ: Грчева со поддршка за барањето правда

Поранешната пратеничка Солза Грчева се огласи за протестите под слоганот „Кој е следен“. Имено, таа дава поддршка за барањето одговорност, посебно наведувајќи ги случаите од претходната власт.

„Протести под слоган:”Кој е следен?”. И јас се прашувам кој е следниот кој ќе го видиме и чуеме како добива инструкции од српска турбо фолк инструкторка за пучови. Уште се поздравува со несреќникот од една шарена партија со :”Ква, ква, ква”. Веројатно знае дека е недоКВАкан.

Имаат право сите да бараат правда и да се дознае вистината за сите несреќи кои ги предизвика и неказнето помина претходната власт, вклучително и оваа најголемата. Па така ги споменуваат (дури сега):

Беса Транс автобусот каде живи изгореа околу 50 луѓе- протести немаше;

Онкологија - украдени и продадени на црно најскапи лекови за болните од рак. Бројот на жртви, млади и постари, непознат - Протести немаше

Модуларната болница во Тетово - живи запалени/ задушени 15 луѓе - Протести немаше, итн.

За ниту еден од овие случаи немаше ниту прописна истрага, ниту вистински казни.

Е сега кога се води темелна и неселективна истрага, кога се преземаат и превентивни мерки, излегоа да се побунат.

Шарените пуштени на најјако. Истите ликови. Еднаш шарен (платен), секогаш шарен.

Така не се тагува дечки. Со ква, ква, никого нема да убедите. Чувме и видовме сите. Срамно!

И за крај се чудам зошто не е повикан на разговор манукот кој добиваше инструкции од странство, како да руши држава. За тоа има дело во КЗ.“, напиша таа.



Слично

Поврзани вести