Се чисти теренот за продажба на Поштенска банка
Правото на златната акција што сега го има Владата во Поштенска банка ќе престане да важи во моментот кога ќе се приватизира државниот капитал во банката, а не како досега што ова право беше врзано со приватизацијата на Македонска пошта. Оваа одредба е дел од измените на Законот за банки кои веќе се во собраниска процедура.
„Заради претстојната приватизација на Македонска пошта и овозможување на целосна приватизација на Поштенската банка, изменета е дефиницијата за Поштенска банка како правно лице во кое Јавното претпријатие Македонска пошта или негов правен следбеник задолжително е акционер во Поштенска банка. Заради еднаков третман на банките во Македонија, на Поштенска банка и се одзема правото на ексклузивност во вршењето на активности поврзани со поштенскиот сообраќај“, пишува во најновите измени на Законот за банки..
Фактор веќе пишуваше дека Министерството за финансии на големо се спрема за продажба на Поштенска банка, за чија цела бара консултантска куќа која ќе направи проценка на акциите на банката. Владата со својата златна акција се уште има одлучувачка позиција за продажба на оваа банка.
Слично
