Се чисти патот Штип-Кочани, повеќе делници се целосно проодни
Поради чистење на снежни наноси сообраќајот е во прекин на магистралниот пат А-3 Штип - Кочани поточно од село Крупиште до бензиска пумпа „Ваго“, а забраната за сообраќај на патниот правец Велес-Скопје се укинува, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
„Сообраќајот на патниот правец Валандово – Стар Дојран и обратно е нормализиран. Од 13 часот сообраќајот на Магистралниот пат Прилеп-Кавадарци кај Плетвар е нормализиран. Сообраќајот на регионалниот пат Тетово-Јажинце е нормализиран од 12.50 часот, а од 13.10 часот прооден е и магистралниот пат Струга-Ќафасан.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.
