Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ЧИСТИ КЕЈОТ: Ѓорѓиевски вели дека тоа ќе стане трајна пракса

СЕ ЧИСТИ КЕЈОТ: Ѓорѓиевски вели дека тоа ќе стане трајна пракса

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека се спроведува темелно чистење на кејот на Вардар и неговото корито, со став дека ваквите активности ќе станат трајна пракса. 

Вели дека пешачките и велосипедските патеки конечно се расчистуваат од она што „со години беше занемарено“.

„Ова одржување ќе биде трајна практика. Кејот ќе се чисти секојдневно, бидејќи скопјани и сите гости на нашиот град заслужуваат убава, уредена и чиста метропола. Вардар, скопскиот бисер, повторно ќе го носи својот сјај, онаков каков што му доликува“, напиша Ѓорѓиевски.


Слично

Поврзани вести