Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СЕ ЧИНИ ДЕКА НЕЧИЈ ПРИОРИТЕТ НЕ Е ЧИСТА ОКОЛИНА, ТУКУ ДОБРА ФОТОГРАФИЈА ЗА НА ФЕЈСБУК“: Градоначалникот на Аеродром објави видео од комуналците како кријат ѓубре?!

„СЕ ЧИНИ ДЕКА НЕЧИЈ ПРИОРИТЕТ НЕ Е ЧИСТА ОКОЛИНА, ТУКУ ДОБРА ФОТОГРАФИЈА ЗА НА ФЕЈСБУК“: Градоначалникот на Аеродром објави видео од комуналците како кријат ѓубре?!

Градоначалникот на Аеродром, Дејан Митевски, на неговиот фејсбук профил објави видео од вработени во ЈП Комунална хигиена Скопје, кои, како што напиша тој во објавата,го кријат ѓубрето и фотографираат дека наводно се исчистиле.

„Фотосесија, а не хигиена! Чисто пред камера, ѓубрето позади.

Ова не е сцена од пародија, туку реалност во Аеродром: екипите на ЈП Комунална хигиена – Скопје "чистат", ама ѓубрето останува таму каде што и беше – зад контејнерите.

Се чини дека нечиј прв приоритет не е чиста околина, туку добра фотографија за на Фејсбук.

 Додека градоначалничката на Град Скопје месеци обвинува други за полни контејнери, секојдневно добивам видеа како токму нејзините вработени "си ја тераат работата".

 Ваквото однесување е понижување и за граѓаните и за чесните работници. Очекувам и барам Градот конечно да покаже одговорност – не само на прес-конференции, туку и на терен.

Видеото зборува доволно“, напиша тој.



Слично

Поврзани вести