Се чека Заев да се врати за да се избере директор на ДПИ
Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба со корупција, денеска изјави дека нов директор на Државниот пазарен инспекторат ќе биде избран кога премиерот Зоран Заев ќе се врати од неколкудневната турнеја низ Европа која е во тек, а која вклучува посета на Брисел, Мадрид и грчкиот Делфи.
- Да се врати премиерот од европската турнеја и ќе се избере нов директор на следната седница, рече денеска вицепремиерот одговарајќи на новинарско прашање на настанот на Царинската управа на граничниот премин Ќафасан.
Ваквиот одговор на Николовски следува на коментарот дека во пазарниот инспекторат нема кој да ја потпише исплатата на платите за месец април.
Пауновски по недоразбирањата со Заев ја загуби функцијата на крајот на април, а Владата, иако постоеше можност, на последните две седници не назначи негов наследник.
