Се чека повеќе од еден час на македонско-бугарски граничен премин
На бугарската страна од граничниот премин Делчево – Станке Лисичково се чека повеќе од еден час на ниски температури, поради како што велат од таму „пад на системот“.
Деновиве овој граничен премин е со зголемена фреквентност, а се чека долго и за влез и иза излез од Бугарија при што се создава сообраќаен метеж и долга колона.
Патници додаваат дека од македонска страна процедурата е поедноставна и таму нема поголеми задржувања.
Преминот Делчево - Станке Лисичково во иднина треба да добие три ленти, но засега додека траат продолжените зимски викенди има големи колони на чекање.
Слично
