Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се чека подолго од еден час на грчката страна од „Богородица“

Се чека подолго од еден час на грчката страна од „Богородица“

Времето на чекање на македонскиот пукнт на граничниот премин „Богородица“ е од 10 до 20 минути. соопшти АМСМ, но како што информира МИА; на грчката страна се чека еден час најмалку.

Од граничната полициска и царинската служба на граничниот премин „Богородица“ велат дека колоните возила, за разлика од вчера, денеска се подолги, меѓутоа во функција се ставени пет ленти и преминувањето на границата се одвива брзо.

Меѓутоа евидентен е застојот на спротивната страна од границата каде се чека најмалку еден час за влез во Грција.



Слично

Поврзани вести