Се чека одлука од Апелација за жалбите по притворот на Владо Јовановски и други осомничени од крвавиот четврток
Уште два часа до јавниот седници на кои Апелацискиот суд ќе одлучува за притворот на дел од осомничените во собраниските инциденти.
Повисокиот суд ќе одлучува по жалбите на одлуката на Кривичниот совет за продолжување на притворите на Оливер Поповски, актерот Владо Јовановски и Горан Ѓошевски на Оливер Поповски, актерот Владо Јовановски и Горан Ѓошевски и уште 16-мина од кои се пристигнати жалбите.
Во притвор меѓутоа се наоѓаат 23 лица меѓу кои и пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов.
Од собраниските инциденти се води истрага и за екс директорот на БЈБ Митко Чавков како и организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Игор Дурловски и Богдан Илиевски.
Слично
