Се чека ли на граница?
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај, информираат од АМСМ. Апелираат до сите возачи да не го користат автопатот.
За Велигден имаше застој и долги колони на границите, посебно кон јужниот сосед.
Слично
