Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ЧЕКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ДА ЗАКАЖЕ ВОНРЕДНА СЕДНИЦА ЗА МОСТОТ: Јанчева - однесувањето е недопусливо

СЕ ЧЕКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ДА ЗАКАЖЕ ВОНРЕДНА СЕДНИЦА ЗА МОСТОТ: Јанчева - однесувањето е недопусливо

Ситуацијата со мостот во близина на молот Ист геј е за вонредна седница, за да се најдат одговори и да започне неговата санација час побрзо. 

Ова го исткна советничката во Град Скопје, Љубица Јанчева од редовите на СДСМ во телевизиско гостување на Телма. 

- Ние побаравме вонредна седница по информацијата дека една од сметките на Град Скопје е блокирана. Тоа е прашање за кое час поскоро треба вонредна седница. Нашето барање, согласно деловникот, беше потпишано од најмалку една третина членови на советот. Доставено беше во понедленикот, а уште нема абер. Таквото однесување е недопустливо, одговорноста тука ја барам од претседателот на Советот - рече советничката во Град Скопје од СДСМ, Љубица Јанчева во „Вин-вин“ на Телма.

Таа додаде дека кога има барање за вонредна седница, тогаш претседателот на совет е должен да ја закажа, а оправданоста на тоа барање се гласа дополнително.

- Вчера добивме информација дека најран термин за вонредна седница е 27 мај. Тоа се 15 дена од барање, што е период за две редовни седници. Потребна е вонредна седница и за мостот кај Беласица исто така час поскоро - рече Јанчева.

Советничката истакна дека Советот на Град Скопје треба да дискутира, да донесе заклучоци и да даде задолженија на градоначалничката во врска со опожарениот мост.

- Ваквата ситуација е прашање за вонредна седница. Час поскоро треба да добиеме одговори и да се почне со санација на мостот - рече Јанчева, која додаде дека не може градоначалничката да се обвини за пожарот, но тоа не значи дека Град Скопје не треба ништо да прави.

Фото: Принтскрин/Телма

Слично

Поврзани вести