Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ БРОЈАТ ШТЕТИТЕ ОД НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ: Граѓаните сѐ уште пријавуваат последици од хаваријата

СЕ БРОЈАТ ШТЕТИТЕ ОД НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ: Граѓаните сѐ уште пријавуваат последици од хаваријата

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека во невремето што го зафати територијата на Град Скопје со обилни врнежи од дожд на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 пристигнаа голем број на пријави за паднати дрва, поплавени улици во повеќе скопски населби, поплавени куќи и гаражи. 

„Конкретно, до утрово, има 42 пријави беа за паднати дрва на повеќе локации во градот што беа веднаш известувани континуирано дежурните во ЈП Паркови и Зеленило на Град Скопје. Случаите за поплавените улици беа испратени до дежурната служба на ЈП Водовод и Канализација. 4 случаи за проблеми со напојување со електрична енергија, од кој еден за трансформатор што опасно искрел во Зелениково и за паднати бандери беа препратени до ЕВН Дистрибуција. Настаните за оштетени возила и поплавени куќи, станува збор за приватен имот и доколку од страна на општините во наредните денови се прифатат настанатите штети истите ќе бидат дополнително пријавени“, информираат од ЦУК.

Слично

Поврзани вести