Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ БОРЕА КОЛКУ МОЖЕА, НО ОГНОТ БЕШЕ ПОСИЛЕН: Пожарот во пехчевско ја изгоре Патеката на Петко - единственото инсектојадно растение во Македонија

СЕ БОРЕА КОЛКУ МОЖЕА, НО ОГНОТ БЕШЕ ПОСИЛЕН: Пожарот во пехчевско ја изгоре Патеката на Петко - единственото инсектојадно растение во Македонија

Пожарите предизвикаа катастрофални штети на биодиверзитетот во пехчевско.

Како што информираат од Едукативниот центар за зачувување на природата, дел од патеката на Петко која води до тресетиштето на Јудови ливади каде се наоѓа домот на муволовката(Drosera rotundifolia) кој е редок вид и може да се најде само овде, на ниту едно друго место во Македонија, на 30 јули 2024година, кога регионот го зафати голем пожар,  уништи голем дел од природното богатство, вклучувајќи ја и патеката на Петко и инсектојадното растение.

оваа патека е направена преку проект на Програмата за зачувување на природата Со грижа до бериќет со соработка на Општина Пехчево и ОХО.

„Се она на што се радувавме, а воедно овозможено преку Мрежата за искуствено учењe и децата ширум земјата имаа можност да се приближат до научно-истражувачка работа, истовремено да се забаваа, се дружеа и уживаа во природата. Сега за жал го нема“, информираат од центарот.

Патеката на Петко и шумските жители – Пехчевска авантура е всушност едукативен проект за ученици и туристи, кој се однесува на областа зачувување на биодиверизитетот, преку едукација и примена на практики од неформалното образование. Патеката почнува од местото каде се гради Едукативниот центар во село Негрево, Пехчево, а завршува во близина на местото каде вирее инсектојадното растение муволовка.



Д.Т.

Фото:Пиксабеј

Слично

Поврзани вести