Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се ближи почетокот на издржувањето на затворската казна на Сеад Кочан

Се ближи почетокот на издржувањето на затворската казна на Сеад Кочан

Судски извори za 1ТВ брифираат дека наредната недела ќе финишираат и последните детали за затворската казна на бизнисменот Сеад Кочан во случајот „Труст“, па правосилната пресуда ќе биде испратена до кривичниот суд, осудените и до нивните адвокати.

За да се активира казната затвор од четири години и осум месеци на сопственикот на „Трансмет“ прво во скопска „единица“ треба да се оформи предмет и да биде доделен на судија за извршување на санкции, кој ќе му испрати упатен акт, каде ќе го пишува датумот кога бизнисменот Кочан ќе треба да се јави во затвор.

Кочан може до Кривичен да испрати молба за одложување на затворското издржување, но само доколку постојат неодложни работи кои треба да ги изврши што инаку би претрпел голема штета.

Василие Авировиќ, исто така обвинет во „Труст“, ќе оди две години во затвор ако во наредните пет години ќе стори ново кривично дело.



Слично

Поврзани вести