Се ближи 1 јуни, администрацијата наместо на работа, ќе оди на одмор
Се уште нема официјална потврда, иако се очекува наскоро сите административци да се вратат на работа со полно работно време. Минатата година на 1 јуни вработените во јавната администрација работните задачи со претходна одлука, ги извршуваа од своите работни места, освен хронично болните лица, бремените жени, родителите на дете до 10-годишна возраст, самохраните родители и родителите на деца со попреченост кои користат дневен центар,
„Мерките за заштита од Ковид 19 во затворен простор не се укинати, и ќе останат на сила“, гласи единствениот одговор кој засега го дава Министерство за здравство.
Единствено, претходно заменик-министерот за здравство, Илир Хасани, дека идејата е поради пандемијата да се користат годишните одмори, особено од страна на вработените особено во Здравството, и враќањето на работните места да биде бавно и контролирано.
Годинава, од 1. февруари административците требаше да се вратат на работа со редовно работно време, без да го организираат работниот процес во смени или да ротираат, но потоа Владата се откажа од претходната најава а во меѓувреме настапи и третиот бран на епидемијата.
