Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ „БИЛДА“ ПАТРИОТИЗАМ ВО УЧИЛИШТАТА ВО АЕРОДРОМ: Муцунски најави-секој понеделник, денот на учениците ќе почнува со химната

СЕ „БИЛДА“ ПАТРИОТИЗАМ ВО УЧИЛИШТАТА ВО АЕРОДРОМ: Муцунски најави-секој понеделник, денот на учениците ќе почнува со химната

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, објави дека одсега, секој понеделник, наставата ќе започнува со интонирање на химната на Македонија.

„Наставата во основните училиштa во Аеродром отсега секој понеделник ќе започнува со интонирање на македонската химна, затоа што почитта и љубовта кон татковината се градат од најмала возраст.

Станува збор за иницијатива преку која изразуваме искрена почит кон татковината и со која имаме цел да го подигнеме националното чувство и љубовта на дечињата кон Македонија, но и ќе ги охрабриме да учат за македонската култура и традиција“, напиша Муцунски на Фејсбук.


Слично

Поврзани вести