Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ БАРАШЕ ПРАВДА ЗА ФРОСИНА, СЕ СЛУШНАА И ДРУГИ ПРИКАЗНИ ЗА ЗАТАЕНИОТ СУДСКИ СИСТЕМ - масовен протест во Неготино „Стоп за сообраќајното насилство“

СЕ БАРАШЕ ПРАВДА ЗА ФРОСИНА, СЕ СЛУШНАА И ДРУГИ ПРИКАЗНИ ЗА ЗАТАЕНИОТ СУДСКИ СИСТЕМ - масовен протест во Неготино „Стоп за сообраќајното насилство“

Голем и масовен протест се случи денеска во Неготино, на кој граѓаните бараа правда за Фросина. Со извикување „Правда за Фросина“, „Секој еден може да е следен“ огромна колона граѓани маршираше за Фросина во нејзиниот роден град.

На протестот можеа да се слушнат и слични приказни од граѓани чии блиски починале во сообраќајни несреќи предизвикани од несовесни возачи, а каде што се уште нема правда поради бавниот и неправеден судски систем.

Голем број од граѓаните носеа маички со лого „Правда за Фросина“, имаше нејзини фотографии, а во првите редови беше нејзиното семејство.

Нејзината сестра, Росица, и денеска кажа дека ако убиецот на нејзината сестра бил соодветно казнет, Фросина ќе била жива.

„Доколку судијката му го продолжила притворот сè до правосилност на одлуката, а по вчерашната одлука на Апелација, тој само ќе беше спроведен во затвор, а мојата сестра ќе беше жива. Затоа бараме одговорност и од судијката Даниела Алексовска – Стојановска“, рече Росица, сестрата на Фросина.

Другарките на Фросина испратија порака дека мора да се казни неодговорноста на возачот без возачка дозвола за да се поттикне одговорноста кај секој возач. Тие кажаа дека маршот во Неготино е поддршка на сите семејства што изгубиле некого и кои мора да продолжат со товарот на загубата.

Фросина загина во сообраќајна несреќа на булеварот Партизански одреди во Скопје, кога во неа со автомобил удри 20-годишниот Васил Јованов, кој го управувал возилото без возачка дозвола, пијан и на црвено светло.

Фото: Принтскрин

Слично

Поврзани вести