Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се бараат притвори за шест лица за несреќата кај Ласкарци

Се бараат притвори за шест лица за несреќата кај Ласкарци

Обвинителството бара протвор за шестмина обвинети во случајот „Дурмо турс“.

За обвинетите, кои моментално се во домашен притвор, обвинителството бара мерка притвор.

Јавното обвинителство нив ги товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Меѓу обвинетите е и сопственикот на „Дурмо турс“, кој се сомничи дека не вршел контрола над целокупното работење на фирмата, а раководењето со возниот парк го препуштил на лице без сертификат за професионална компетентност во патниот сообраќај. 

Според обвинителството, и газдата и раководителот биле свесни за техничката неисправност на автобусот, но не го поправиле, затоа што знаеле дека и таков ќе го мине техничкиот преглед кој се вршел во здружение во сопственост на истиот газда. Обвинети се и три други лица, вработени во станицата за технички преглед.

Тие се обвинети за соучесништво, затоа што иако на техничкиот преглед воочиле дека сопирачките се неисправни, тоа не го завеле во записникот за технички преглед, односно со свој потпис и печат го прогласиле возилото за технички исправно, соопштуваат од Обвинителството.

Со обвинителниот акт е опфатен и возачот на автобусот, кој на критичниот ден возел со недозволена брзина од 99 км/час. 

Слично

Поврзани вести