Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ БАРА ВАКЦИНА ПОВЕЌЕ, МЕРКИТЕ И СТРАВОТ ГО НАПРАВИЈА СВОЕТО - вчера аплицирани 17.623 вакцини

СЕ БАРА ВАКЦИНА ПОВЕЌЕ, МЕРКИТЕ И СТРАВОТ ГО НАПРАВИЈА СВОЕТО - вчера аплицирани 17.623 вакцини

Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните, соопштија од Министерството за здравство. 

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 638.428 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.275 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.623 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.134.231 дози вакцини, а ревакцинирани се 495.803 граѓани. 

Со последните бројки 70 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 67 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 63 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 53 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.  

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктови низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. 

„Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата“, пишуваат од МЗ.

Слично

Поврзани вести