Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се бара уште еден притвор за Мијалков

Се бара уште еден притвор за Мијалков

СЈО бара уште еден притвор за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, покрај оној тековниот кој веќе го отслужува.

Овој пат во прашање е случајот „Империја”, односно за перење пари, потврдија неговите адвокати за „Макфакс“.

Мијалков од 20 ноември е во притвор, но причина за таа мерка тогаш беше наведеното сомневање за опасност од бегство, откако истиот ден на поранешниот премиер Никола Груевски му беше доделен азил од Унгарија.

Мијалков треба да биде изведен пред судија на претходна постапка, кој треба да одлучи дали ќе го прифати предлогот на обвинителката Лиле Стефанова и ќе му се доделат уште 30 дена во истражниот затвор Шутка.

Пред кривичниот суд денеска има засилено присуство на полицијата.


Слично

Поврзани вести