Се бара продолжување на кризната состојба за шест месеци во Македонија
Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи на својата седница, одобри заклучок кој беше доставен до Владата, со барање за продолжување на кризната состојба за период од шест месеци, дознава ТВ21.
Од владини извори се дознава дека предлогот е веќе во Владата и ќе се разгледува на седницата на Владата.
Владата закажа седница за денес во 12 часот Доколку овој предлог помине на Влада, тогаш тој ќе биде испратен до Собранието.
Слично
