Се бара приватен инвеститор за гасификација на Скопје
Државата бара приватен инвеститор за финансирање, изградба и управување на дистрибутивен систем на природен гас во Скопскиот регион.
Со проектот ќе бидат опфатени сите 17 општини во скопскиот регион. Приватниот партнер кој ќе го гради дистрибутивниот систем со него треба да управува 20 години, при што во првите пет години треба и ќе се реализираат подготвителните работи и изградбата на мрежата. По овој период од пет години треба да биде изградена околу 250 километри примарна дистрибутивна мрежа. Во првите пет години по потпишување на договорот, инвеститорот ќе треба да изгради најмалку 70 отсто од мрежата.
Повикот за приватно јавно партенерство трае до 26 мај годинава, а инвестицијата се проценува на 98,4 милиони евра.
Слично
