СЕ БАРА ПРИТВОР ЗА ТРИЕСЕТГОДИШНИОТ УБИЕЦ - тој со нож прободе младо момче
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.
„Осомничениот 30-годишник, по претходна вербална расправија, на 29 јуни со умисла лишил од живот едно лице во скопско Ново Село. Тој најпрвин од својот џеб извадил нож и почнал да му се заканува на оштетениот, кој започнал да бега и да бара помош. По кратката расправија, осомничениот му задал на оштетениот убод со ножот во пределот на ребрата и го напуштил местото. Жртвата и подлегнала на здобиената повреда во Градската болница „8-ми Септември“, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.
Ценејќи ги сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност да се даде во бегство, да го повтори делото или да влијае врз сведок на настанот.
Инаку, жртвата е младо 27 годишно момче, за што веќе пишуваше Фактор.
