Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се бара притвор за осомничените кои за малку ќе го запалеа Велес

Се бара притвор за осомничените кои за малку ќе го запалеа Велес

Јавното обвинителство бара притвор за газдата на работилницата и работникот кој работел со апаратот за брусење при што беше предизвикан огромен пожар во рекреативниот центар „Младост“ кој го доведе во опасност градот Велес и беше изгорена 400 хектари борова шума.

Основното јавно обвинителство Велес нареди спроведување истражна постапка против одговорното лице на работилницата и против четворица ангажирани работници. Освен за газдата и за работникот кој со искрење ја предизвикал огнената стихија, за преостанатите не се бара притвор.

По скратена постапка кривично ќе се гони и градежната компанија која ја ангажирала работилницата. Во моментов се подготвува обвинение за тешки дела против општата сигурност, односно предизвикување општа опасност.



Слично

Поврзани вести