Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се бара прегласување и во Гостивар

Се бара прегласување и во Гостивар

Граѓаните на Гостивар кои гласале на избирачкото место 0396/1 каде ДИК пронајде нерегуларности, не се задоволни од одлуката на Управниот суд. 

Тие бараат повторно разгледување на оваа одлука. Веруваат дека ќе се променат мандадите во ИЕ 6 ако  и тие гласаат.

Управниот суд прифати две тужби од кои едната на ВМРО- ДПМНЕ, а другата на СДСМ и со тоа донесе одлука да се прегласа во Теарце во недела на 25-ти месецов.

ДИК констатираше дека било злоупотребено правото на глас на гостиварчанката Фатиме Сулејмани. Некој ја искористил нејзината лична карта и се потпишал во нејзино име на избирачкиот список. 


Слично

Поврзани вести