Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ БАРА ОДГОВОРНОСТ: ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СЈО отворало предмети за да уценува

СЕ БАРА ОДГОВОРНОСТ: ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СЈО отворало предмети за да уценува

Oд ВМРО-ДПМНЕ денеска нагласија дека СЈО потроши многу пари, и според нив, отворале истраги со цел да уценуваат, за што треба да одговараат. 

Велат дека насилното преземање на предмети од СЈО надвор од закон, по наредба токму на истото лице кое е осомничено дека ги злоупотребувало токму тие предмети за политички притисоци и изнуда на пари ќе креира анархија. 

Велат дека Катица Јанева го уценувала ВМРО -ДПМНЕ да  даде поддршка за криминогеното работење, а за возврат нудела прекинување на постапките, што говори и за мотивите поради кои тие се отворени. Ова денеска на прес-конференција го изјави Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Истрошија скоро 15 милиони евра во нивното досегашно работење. Земаа плати од по 5.000 евра само за да отвораат предмети кои би служеле за уцена и изнуда. По 5.000 евра месечно. За ваков криминал мора да се одговара, а не да се бара нов незаконски начин како истиот да продолжи. Доколку сакаме правда и правна држава, ваквите злоупотреби на системот мора да престанат и да бидат санкционирани, а не само да ја сменат формата и амбалажата, а во суштина да останат исти. Јасно е дека зад овој криминален концепт стои Зоран Заев. Зоран Заев е главата на криминално – рекетарската банда која го штити и промовира криминалот“, изјави Јанушев.

Според  него Зоран Заев сака амнестија на криминалот, а не одговорност и санкции. 

Слично

Поврзани вести