Се бара одговорност од Чавков за тепањето на студентите
Обвинителство ја утврдува одговорноста на екс министер за внатрешни работи Митко Чавков, за полициската интервенција на ЕБР на студенските избори.
Од Хелсиншкиот комитет кривичната против Чавков и уште неколку раководни лица во МВР ја поднесоа пред една година. Тие тврдат дека припадници на Единицата за брзо распоредување ги тепале и ги спречувале студентите да протестираат на 30 јуни минатата година.
„ОЈО конечно ја отпочна постапката по кривичната пријава на Хелсиншкиот комитет против Митко Чавков, како тогашен министер за внатрешни работи, и ЕБР за полициската интервенција на ЕБР за студентските избори пред СПУКМ. Повикана сум како сведок во Обвинителството за овој настан. Како што пред многу време рековме правда и одговорност за тепање студенти мора да има и ќе има. Се надевам дека ОЈО ќе ја води постапката стручно и професионално во интерес на правдата!“ - напиша пратеничката Ивана Туфегџиќ на Фејсбук.
На самиот ден на изборите за студентски лидер гласањето започнало без исполнување на потребните услови, а потоа и гласачката кутија била насилно грабната од член на изборната комисија кој бил придружуван од непознати лица кои не биле студенти за потоа да се упатат кон седиштето на СПУКМ кое се наоѓа во зградата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“.
Во пријавата се наведува дека Кулминацијата се случила околу 22 часот кога пристигнале специјалните единици со оклопни возила, кои тргнале кон студентите што протестираа пред влезот на студентскиот дом. Полициските специјалци насилно влегле во просториите на студентскиот парламент и почнале да ги удираат со нога студентите, за да го расчистат патот за лицата кои ги носеле гласачките кутии.
