Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се бара од претседателот Пендаровски да го награди Давков, ако Владата не може

Се бара од претседателот Пендаровски да го награди Давков, ако Владата не може

Демократскиот сојуз побара од претседателот Стево Пендаровски преку своите овластувања да го награди осмооделенецот Дамјан Давков, кој заедно со неговиот наставник не може да добие награда, иако е првак по математика, бидејќи бил во осмолетка, а се натпреварувал во ранг на средношколци. 

„Реформите во образованието треба да започнат со однесувањето на првиот учител (министер) во овој систем, но тоа не го гледаме преку примерот на ученикот Дамјан Давков од Штип. Нема поважна реформа во образованието од таа системот да почне да ги препознава, признава, помага и поттикнува младите генијалци“, гласи реакцијата на Демократскиот сојуз, партијата на Павле Трајанов.

Од таму бараат Кабинетот на Пендаровски да му обезбеди државна стипендија за талентирани ученици за неговото натамошно школување.

Давков од Штип и неговиот наставник, иако се прваци во земјава на сите натпревари по математика, не успеале да ја добијат паричната награда, бидејќи прописите на Министерството за образование утврдиле дека детето е во осмолетка. Иако тој се натпреварува во конкуренција со средношколци и е најдобар, ова министерството сепак одлучило да не му ја даде наградата.

Слично

Поврзани вести