Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се бара најквалитетен концесионер за Македонското село

Се бара најквалитетен концесионер за Македонското село

Во јануари следната година ќе биде завршено Македонското село, кое се гради во близина на манастирот „Св. Пантелејмон“ на Водно. Во средината на наредниот месец ќе биде објавен и конкурсот за избор на концесионер кој ќе стопанисува со овој комплекс.

Македонското село содржи 12 куќи кои ја претставуваат автентичноста на секој од регионите во земјава. Има куќа од беровскиот, тетовскиот, струшкот, гостиварскиот, прилепскиот, битолскиот и други краишта на земјава. Се простира на 12.000 метри квадратни. Вкупната инвестиција е 296 милиони денари, обезбедени од Владата на Република Македонија. Од нив 216 милиони се за градежни зафати, а 80 милиони се за ентериерно уредување. Поделено е во два дела - селско стопански двор и сместувачки капацитет. Покрај куќите, ќе содржи и музеј, амфитеатар, сувенирница, воденица, трла...

- Со изградбата на овој туристички производ и атракција во Скопје ќе се комплетира туристичката понуда, изјави министерот за економија Ваљон Сарачини на денешната јавна расправа во насока на изнаоѓање најквалитетен концесионер заедно со стопанските и туристичките комори .

Слично

Поврзани вести