СЕ БАРА МЕСТО ПОВЕЌЕ ВО КОВИД ЦЕНТРИТЕ: Дури 1.649 пациенти има во болниците, само во Скопје нови 79 хоспитализации
Вирусот не стивнува, а тоа го покажува и фактот што во ковид центрите во земјава се бара место повеќе.
Само во изминатите 24 часа, како што соопшти Министерството за здравство, во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 79 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.649 и има околу 260 празни болнички кревети во ковид центрите.
Вкупно 675 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 33 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 18 примени пациенти и 14 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 1 нов болен, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 62 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 313 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти. На Клиниката за детски болести има 8 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 11 позитивни пациентки. Од денес работи и ковид центарот во Заводот за рехабилитација со капацитет од 38 кревети.
Вкупно 675 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 974 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 103 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 63 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 84 болни, а во Куманово 166 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 103 пациенти, во Прилеп 127 во ковид центарот во Гостивар 36, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 84 пациенти, во Кочани 33 во Кичево 21, Кавадарци 72, а во Гевгелија 21 лице позитивно и суспектно на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
