Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ БАРА ДИРЕКТОР ЗА ЗАВОДОТ ЗА ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ: остануваат уште десетина дена за пријавување, еве што ви треба

СЕ БАРА ДИРЕКТОР ЗА ЗАВОДОТ ЗА ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ: остануваат уште десетина дена за пријавување, еве што ви треба

Владата распиша оглас со кој бара кандидати за директорското столче на Државниот завод за индустриска сопственост.

Согласно објавата на нивната веб страна, кадидатите мора да се државјани на Македонија, да немаат судска пресуда со која имаат забрана за вршење дејност, да имаат високо образование, но и минимум петгодишно искуство.

Заинтересираните исто така треба да имаа солидно познавање на меѓународен јазик, и потврда за тоа, преку меѓународно признати сефтификати како ТОЕФЕЛ, ИЕЛТС, ИЛЕЦ...

Меѓу другото Владата бара од кандидатите да ги споделат и нивните размислувања, концепти и модели за управување со Институцијата, со фокус на активностите за следната година. Исто така треба да ги знаат и наведат институциите со кои ќе имаат законска обврска за соработка, но и идни ризици со кои би можеле да се соочат во иднина во текот на нивното работење како директор на оваа институција.

Кандидатите треба да имаат доказ за сите претходно побарани услови за вработување и да ги достават до Владата. Оние кои ќе испратат некомплетни документи, нема да бидат воопшто земени во предвид, бидејќи некомплетна документација нема да се разгледува.

Висината на платата на идниот директор не се открива. Тука Владата пишува „Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија“. Но, со оглед на растот на функционерските плати, сигурно дека идниот шеф на заводот нема да биде незадоволен од неа.

Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 19 јануари.

Во моментов со оваа институција раководи Блерим Идризи, кој ја презема функцијата од 9 март минатата година. Тој претходно беше заменик директор на Државниот завод за индустриска сопственост од октомври 2020 година, како и Претседател на координативното тело на интелектуална сопственост.

Дали сегашниот оглас е поради заминување на Идризи од функцијата, или за конечно да добие нов четиригодишен мандат засега останува енигма. 

Имено, оваа институција е самостоен орган, надлежна за вршење на работите во врска со стекнувањето и заштитата на правата од индустриска сопственост.

 П.О.

Слично

Поврзани вести