Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се апсеше на скопскиот аеродром - кого фати полицијата?

Се апсеше на скопскиот аеродром - кого фати полицијата?

Полицијата ангажирана на скопскиот аеродром „Александар Велики“ во само еден ден два пати вршеше акција за приведување на лица.

Вчера во 12.00 час на ГП Аеродром „Александар Велики“-Скопје како депортирано лице допатувал Д.И. (36) од Штип. По извршена пасошка контрола било утврдено истиот евидира но стоп листата со мерка „A“ (Апси). Во 17.00 часот  лицето е предадено на полициски службеници од СВР Скопје за спровод до Казнено поправната установа Струмица.

Два часа подоцна, односно во 14.20 час на ГП Аеродром „Александар Велики“-Скопје како депортирано лице допатувал М.Г. (27) од Битола. По извршена пасошка контрола било утрвдено дека истиот евидира на стоп листата со мерка „A“ (Апси). Во 15.00 часот лицето е предадено на полициски службеници од ПО Петровец за спровод до Казнено поправната установа Битола.

Слично

Поврзани вести