Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ АПСАТ ЛУЃЕ: Македонци докажувале бугарско потекло за 5000 евра

СЕ АПСАТ ЛУЃЕ: Македонци докажувале бугарско потекло за 5000 евра

Македонци докажувале бугарско потекло за 5000 евра. 

Специјалното обвинителство ја истражува бугарската Државна агенција за Бугарите во странство поради сомнеж за корупција. Уапсени се над 20 луѓе. Утре се очекува да биде покренато обвинение против некои од приведените.  Истражителите од утринава испитуваат сведоци во Софија, Ќустендил и во Плевен, пренесува бугарскиот информативен портал БТВНовините. Oдземени се компјутери и документи. 

Истрагата започнала по обвинувањата дека се издавале документи со кои се докажува бугарско потекло за 5000 евра, а такви фалсификувани документи им биле издавани на луѓе од Македонија, Украина и од Молдавија. Со тие документи потоа можеле да извадат бугарски пасош.

Униформирани полицајци обезбедуваат една куќа во ќустендилското село Драговиштица, а се истражува и една сметководствена куќа во градот Ќустендил.

фото Днес

Слично

Поврзани вести