Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Лидерите на ЕУ преку Туск побараа здрав разум од Ѓорге Иванов

СДСМ: Лидерите на ЕУ преку Туск побараа здрав разум од Ѓорге Иванов

Ѓорѓе Иванов да овозможи мирен трансфер на власта, наместо да штити криминалци, бара опозицијата.

Од СДСМ велат дека лидерите и институциите на ЕУ, преку претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск побарале демократски начела, пристојност и здрав разум од Горге Иванов.

„Никој не смее да го кочи заедништвото кое е јасно нагласено и за напредувањето на Македонија кон членството во ЕУ и НАТО.

Интергациите во Европската унија и НАТО се стратешки определби на граѓаните и на Република Македонија. 

Реформските процеси се врвен приоритет во Програмата на новата реформска Влада на унитарна Македонија, којашто обезбедува владеење на правото и квалитетен живот во едно општетство за сите граѓани“, потенцираат од партијата на Заев. 

Оттаму велат дека нивното парламентарно мнозинство е демократски формирано и преку истото ќе се формира новата реформска Влада.

Слично

Поврзани вести