СДСМ: Заврши времето во кое претходната власт ги потценуваше домашните фирми
Од СДСМ велат дека заврши времето во кое претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги
потценуваше домашните фирми и ги ставаше во подредена положба на
странските инвеститори.
Објаснуваат дека со изгласаниот ребаланс на буџетот се става крај
на оваа неправда што значи дека домашните инвеститори ќе ги добијат
истите услови и поволности за инвестирање што важеа и за странските
инвеститори.
„Секој инвеститор којшто планира нова инвестиција во земјава, без
разлика дали е домашен или странски ќе добие од државата поволности и
олеснувања во вид на ослободување од плаќање на даноци, помош при
изградба на инфраструктура, директна финансиска помош за нови работни
места, поедноставени административни процедури, државна помош за
користење на суровини и материјали од домашно потекло. За таа цел, инвеститорите ќе имаат можност да се одлучат помеѓу неколку
различи пакети или т.н менија кои ќе нудат поволности во зависност од
видот и големината на инвестицијата“- се наведува во соопштението.
Од партијата наведуваат дека со ребалансот на буџетот издвоени се
вкупно 135 милиони денари до крајот на годината за поддршка на малите и
средни претпријатија и домашните гринфилд инвестиции.
Во соопштението пишуваат дека Владата предводена од СДСМ работи како сервис и партнер на домашните фирми.
