Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ ЗА ЗАПАЛЕНИТЕ АВТОМОБИЛИ: Toa e доказ за каква обнова се залагаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ ЗА ЗАПАЛЕНИТЕ АВТОМОБИЛИ: Toa e доказ за каква обнова се залагаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

По инцидентот кој утрово се случи во Штип, каде со молотови коктели се запалени возила, се јавија со реакција од СДСМ. 

Палењето автомобил на членови од СДСМ е доказ за обновата за која се залага опозицијата, велат од владејачката партија. 

За опозицијата, обновата значи обнова на поделбите и насилство врз неистомислениците, додаваат од СДСМ. 

„Последниот инцидент во Штип каде е запален автобомилот на членови на СДСМ е доказ за тоа за каква обнова се залагаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Костадинов рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се единствените кои се против НАТО, против ЕУ, против реформите и интересите на државата. 

 Во Штип утрово се запалени пет возила, а од нив три целосно се изгорени, додека две делумно. Меѓу возилата кои целосно изгореле се двете возила на семејството Тушеви. 

Ова не е прв случај на палење автомобили во населбата Сењак. 

Слично

Поврзани вести