Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ ЗА ЗАЕМОТ ОД ОРБАН: Прашуваме каква е улогата на Груевски во оваа зделка?

СДСМ ЗА ЗАЕМОТ ОД ОРБАН: Прашуваме каква е улогата на Груевски во оваа зделка?

Oд СДСМ велат дека „конечно се отвориле картите и станало јасно зошто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го криеле изворот на парите за новото огромно задолжување“.

Од партијата додаваат дека сега било јасно и зошто Мицкоски и неговите соработници секој викенд биле во Будимпешта на „консултации кај азилантот Груевски“.

„Специјалната економска соработка со Унгарија е во насока на презадолжување и политичко заложништво на нашата држава кон друга држава. Прашуваме каква е улогата на Груевски во оваа зделка? И на малите деца им е јасно дека позади ваквиот договор се кријат политички интереси кои многу брзо ќе излезат на виделина“, соопштија попладнево од опозициската СДСМ.

Од партијата велат дека ова можело да ја загрози соработката со меѓународните финансиски институции како Светска Банка и Меѓународен Монетарен Фонд.

Инаку, премиерот Христијан Мицкоски се договори со унгарскиот премиер Виктор Орбан да земе заем од 500 милиони евра. Претходно, се споменуваше заем од милијарда евра. 

Слично

Поврзани вести