Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ за коментарот на Груевски на Фејсбук: Дојде време да се помират со реалноста

СДСМ за коментарот на Груевски на Фејсбук:  Дојде време да се помират со реалноста

СДСМ попладнево реагираше на постот на Фејсбук кој го напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, порачувајќи дека диктатурата за која зборува Груевски завршила на 11 декември.

Дојде време Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ да се помират со реалноста, велат од СДСМ. 

„Диктатурата за којашто зборува Никола Груевски заврши на изборите на 11 декември, кога мнозинството граѓани гласаа против неговиот режим, за промени. Новата Влада носи живот за сите граѓани во Македонија, правда за сите, независни институции посветени на граѓаните во едно, демократско, европско општество во коешто граѓаните ќе имаат достоинствен и квалитетен живот“ - стои во соопштението на СДСМ.

Во демократско општество владеењето на мнозинството доколку не се заснова врз начелото на владеење на правото, всушност преставува и се нарекува „Диктатура“, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на Фејсбук. 

Според Груевски ниедна демократска влада во светот несмее да биде избрана со кршење на начелото на владеење на правото.  Вели дека тоа во старт претставува диктатура.

Слично

Поврзани вести