Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: За две недели кандидати за пратеници и програма

СДСМ: За две недели кандидати за пратеници и програма

СДСМ вечерва за време на 27 Конгрес треба формално да го избере Стево Пендаровски за свој кандидат за претседателските избори, а партијата соопшти и дека за две недели ќе бидат објавени и пратеничките кандидатски листи за парламентарните избори, како и партиската програма.

„Вечерва не носиме само формална одлука за изборот за нашиот претседателски кандидат, исто како што за две недели од сега, повторни ние, нема да носиме само формална одлука за нашите парламентарни кандидати и Програма.

Ние вечер носиме крупна одлука, да продолжиме по зацртаниот пат, по автопатот на прогресот, по стратешките цели на Партијата и државата. Носиме одлука на кој начин, со кого, ќе се бориме, сите заедно, за да државата остане стабилна, одржлива, прогресивна“, соопшти СДСМ.

Слично

Поврзани вести