СДСМ за Димитриевски: Тој што им врти грб на граѓаните не е добра опција за Куманово
СДСМ ќе ја даде најдобрата понуда за граѓаните на Куманово на овие локални избори, а името на кандидатот и советничката листа ќе бидат објавени наскоро, соопштија денеска од партијата откако актуелниот градоначалник на градот Максим Димитриевски, нивен член, поднесе во ДИК независна кандидатура.
„Потегот на Димитриевски го олеснува изборот на граѓаните. Тој што им врти грб на граѓаните, на поддржувачите на демократската и прогресивната опција, на членството и базата на СДСМ, не може да биде најдобра опција за кумановци. За СДСМ, интересот на граѓаните на Куманово бил и секогаш ќе биде пред интересот на Максим Димитриевски или бил чиј друг личен интерес, стои во објавата.
Инаку во Куманово, како што објавивме, река од жители побрзаа да го дадат својот потпис за кандидатурата на Димитриевски. Тој на последните избори беше кандидат на СДСМ и е член на партијата, но во неколку наврати отворено ја критикуваше работата на ова раководство на СДСМ
