СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ДА НЕ СИ ЈА ИШКА МУВАТА - прашуваат дали човекот по кој трага МВР е нивни активист
Откако ВМРО-ДПМНЕ вчера преку соопштение праша дали е заштитен член на нарко картел во случајот со убиството на младиот хрватски ракометар Денис Тот, од СДСМ излегоа со контра реакција.
„МВР постапува професионално и го расчистува случајот со убиството, за што јавноста е навремено информирана.
А ВМРО ДПМНЕ да не си ја ишка мувата од капата.
По одредени информации кои се појавија оваа партија треба да одговори дали човекот по кој трага МВР е активист и поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ?“, се вели во соопштението од СДСМ.
Слично
