СДСМ: Влечкањето на Иванов нема да го спаси Груевски
Oпозицијата реагира на прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ откаде велат дека граѓаните одлучно ја отфрлиле Изборна Програма на СДСМ.
„Единствената реална платформа којашто ги интересира граѓаните е Програмата на новата реформска Влада, која носи промени и живот за сите граѓани и ја гарантира унитарноста на Република Македонија.
Само за ВМРО-ДПМНЕ оваа програма не постои, бидејќи криминалното раководство на партијата единствен спас за себе гледа во одолговлекување на политичката криза“, возвраќаат од партијата на Заев.
Оттаму порачуваат дека промените доаѓаат и дека одолговлекувањето на Ѓорге Иванов нема да го спаси Никола Груевски од одговорност.
Слично
