Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Владата предводена од СДСМ ги отвора евро-атлантските перспективи

СДСМ: Владата предводена од СДСМ ги отвора евро-атлантските перспективи

Владата предводена од СДСМ ги отвора евро-атлантските перспективи и ги придвижува интеграциските процеси за членство во ЕУ и НАТО како врвен државен и граѓански интерес, велат од партијата. 

За таа цел, неопходно е сите, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ како конструктивна опозиција, активно да ги поддржат реформите што значат продолжување на интегративните процеси на Македонија, стои во соопштението од партијата. 

„Децениската изолација на Македонија поради криминалните интереси на Никола Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ заврши со формирањето на новата реформска и демократска Влада предводена од СДСМ“- се наведува во соопштението од СДСМ. 

Од партијата сметаат дека е лицемерно од ВМРО-ДПМНЕ да зборуваат за евро-интеграции кога за 11 години власт, како што велат правеа сѐ за да ја оддалечат Македонија од евро-атлантските интеграции.

Слично

Поврзани вести