СДСМ: Владата да им го исплати породилното на мајките
СДСМ ја повика Владата да го исплати месечното породилно отсуство на мајките кое, според информациите на опозициската партија, доцни и по 30 дена.
„Владата на Христијан Мицкоски ги остави мајките и новороденчињата без основната сигурност што им следува по закон.
Породилниот надомест доцни по 20 дена, а има мајки кои чекаат и повеќе од 30 дена. И замислете, Фондот ова го признава и вели дека тоа било во ред. Понижувачки и нечовечки е да се дозволи мајките да се јавуваат и да молат за исплати и да немаат пари за пелени и млеко.
Нема ништо нормално во тоа семејства што живеат само од породилното да останат без денар затоа што ДПМНЕ не си ја врши работата. Вистината е дека никогаш во минатото не се случило вакво доцнење. Ниту во време на светска економска криза ниту кога имаше хакерски напади на Фондот. Ова не се случило под ниту една друга влада. Ова е директен резултат на неспособност и на расипнички приоритети на Мицкоски и неговиот другар Клековски“,гласи реакцијата на СДСМ.
Од партијата бараат Фондот веднаш да ги исплати сите заостанати породилни надоместоци без одложување и да се воспостави фиксен датум на исплата секој месец, како што бараат мајките.
„Бараме Владата јавно да ја објави состојбата со Фондот и да каже каде завршиле парите што треба да бидат исплатени на секоја мајка во оваа држава.
Дали е точно дека сите доцнења се заради неликвидноста на буџетот?“, додаваат од партијата.
Слично
