Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ ВЕТУВА: Ќе формираме влада која ќе испорача уште подобри резултати

СДСМ ВЕТУВА: Ќе формираме влада која ќе испорача уште подобри резултати

По врачувањето на уверенијата на новите пратеници, денеска СДСМ, која ја предводи Коалицијата „Можеме“ и која на овие избори освои 46 пратенички мандати, денеска преку соопштение ветува дека во наредниот период ќе следи формирање на влада која ќе испорача уште подобри резултати.

-Со победата на СДСМ на овие избори граѓаните го одбраа патот по кој државата оди уште од 2016 година. Тоа е патот напред, европски, патот на економијата и правдата. Народот кажа дека нема веќе назад, поразени се режимските политики на ВМРО-ДПМНЕ кои водат кон изолација, опасност и неизвесност. Решенијата на новите пратеници се издадени, следува формирање влада која ќе испорача резултати согласно волјата на граѓаните. Нашата Влада ќе води успешни преговори со ЕУ и за четири години ќе отвориме 80 проценти од поглавјата. Одиме напред, враќање назад нема! Заедно со граѓаните ќе испорачаме уште повеќе и уште подобри резултати, се наведува во соопштението на СДСМ.


Слично

Поврзани вести