Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ ветува дека ќе ги заштити граѓаните од одмаздата на Груевски

СДСМ ветува дека ќе ги заштити граѓаните од одмаздата на Груевски

Од СДСМ велат дека парламентарното мнозинство ќе ги заштити граѓаните од одмаздата на Груевски кон нив! 

Од партијата додаваат дека мора да престанат блокадите и опструкциите што Никола Груевски и ги прави на Македонија за да се спаси од одговорноста за направените криминали. 

Според нив, демократските процеси мора да продолжат онака како што е предвидено во Уставот, Деловникот и законите. Врвен интерес на граѓаните е да добијат нова реформска Влада, онака како што изгласаа. 

„Нормалниот живот и егзистенцијата на граѓаните, стабилноста на државата и функционирањето на државниот систем никој не смее да ги загрозува! И тоа е казниво дело! Затоа Никола Груевски мора да престане да им се одмаздува на граѓаните и да ги вознемирува со непостоечки теми само затоа тоа што тие избраа нова власт во Македонија, а тој да замине во опозиција. На сите им е јасно дека постои Програма на новата реформска Влада којашто ја гарантира унитарноста на државата, обезбедува квалитетен живот за граѓаните и во која не постои никаква промена на државните симболи. Парламентарното мнозинство има обврска и должност да ги заштити граѓаните и државата и тоа ќе го направи“ - велат од СДСМ. 

За секое евентуално попречување на мнозинската волја на граѓаните ќе следува одговорност, тврдат од СДСМ.

Слично

Поврзани вести